
Европската централна банка (ЕЦБ) го одобри барањето на италијанската банка Уникредит за одобрување на преземањето на германската Комерцбанка, што ќе ѝ овозможи на Уникредит банка да ги конвертира акциите на Комерцбанка стекнати преку понудата за размена на акции во свои акции.
Како што објави банката Уникредит, тие добија дозвола да го преминат прагот од 30 проценти за нивниот удел во Комерцбанка и дополнително да го зголемат својот удел на неодредено време, објавува Шпигел.
„Оваа одлука претставува важна пресвртница во преземањето на Комерцбанка од страна на Уникредит и ја нагласува позитивната оценка на ЕЦБ за трансакцијата, како и нејзината доверба во цврстите темели и силната позиција на Уникредит во европскиот банкарски сектор“, се вели во соопштението.












