
Граѓаните на еврозоната очекуваат просечната инфлација во следните 12 месеци да изнесува 3,1 процент, што претставува зголемување во споредба со очекувањата за инфлација во март од 2,9 проценти и 2,6 проценти во февруари, е заклучокот од анкетата на Европската централна банка (ЕЦБ) за април објавена денес.
Во исто време, корисниците очекуваат дека нивниот номинален приход ќе порасне само за 0,9 проценти во истиот период, односно со многу побавно темпо од растот на инфлацијата.
Инфлациските очекувања за следните три години се непроменети на 2,5 проценти, како и просечните очекувања за инфлација за петгодишниот период од 2,1 процент.











