ЕЦБ потврди: Борис Вујчиќ е новиот потпретседател

Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ)  го одобри назначувањето, односно немаше забелешки за предложениот кандидат, гувернер на Хрватската народна банка, (ХНБ) Борис Вујчиќ, за нов потпретседател на ЕЦБ, со што го усвои мислењето по препораката на Советот на Европската унија за назначување на потпретседателот.

„Управниот совет немаше забелешки за предложениот кандидат, Борис Вујчиќ, кој е личност со признат углед и професионално искуство во областа на монетарната политика и банкарството, како што е пропишано со член 283(2) од Договорот за функционирање на Европската унија“, се вели во соопштението на ЕЦБ.

Борис Вујчиќ ќе ја извршува функцијата потпретседател на ЕЦБ со мандат од осум години без можност за повторна кандидатура, кој ќе започне на 1 јуни 2026 година.