
Потпретседателот на Европската централна банка (ЕЦБ), Луис де Гиндос, денес изјави дека понатамошниот раст на еврото на повеќе од 1,20 долари би можел да биде проблематичен за монетарните власти на еврозоната.
„Мислам дека нивоата од 1,17 долари, па дури и 1,20 долари за еврото се прифатливи и не се проблем, но секое зголемување над тоа би било многу покомплицирано“, изјави де Гиндос за Блумберг ТВ на маргините на годишниот форум на Европската централна банка (ЕЦБ) во Синтра.
Еврото порасна за речиси 14 проценти оваа година во однос на американската валута, а ЕЦБ внимателно го следи ова зајакнување.
Фото: pixabay











