Еден од најбогатите бизнимени на Балканот инвестира 100 милиони евра во нов бизнис, а еве што вели за кризата

14424

Сопственикот на Делта Холдинг откри што е најпотребно за да се биде успешен во бизнисот и најави нов проект на неговата компанија во кој се вложени огромни ресурси.

Мирослав Мишковиќ во неодамнешното интервју изјави дека првата голема распродажба му била најтешка, но дека подоцна ја сфатил како работа без емоции. Тој најави и нов деловен проект на неговата компанија во кој се вложени огромна сума на пари.

„Продадовме четири фирми за над 2 милијарди евра. Тие дојдоа во Србија и се најдоа во девизниот биланс на Србија. Беше тешко при првата продажба. Имав некои емоции и резервации, а потоа ја прифатив како нормална работа. Сега сум нервозен затоа што скоро две години ништо не сме продале, а ни ништо не сме купиле. Кога е продажбата во прашање можам слободно да кажам дека Делта е меѓу првите три во Европа“, рече Мишковиќ, а потоа објасни дека нема да има најавена економска криза бидејќи се печатат премногу пари.

Се печатат премногу пари
„Мислам дека економската криза што ја имавме во 2008 година нема да се повтори, бидејќи Централната европска банка и Централноамериканската банка, како што јас ја нарекувам, печатат премногу пари. Тие печатат толку многу пари што мислам дека се подготвени да одговори на секоја криза. Мислам дека тие пари, на некој начин, ќе се шират и ќе стигнат до Србија, иако главно се наменети за Европската Унија и Америка“.

Мишковиќ рече дека првиот милион евра ги заработил на знаење и дека знаењето е најважно во бизнисот и дека без постојано усовршување не може да се напредува.

Тој што го работи она што го сака е успешен

„Интелигенцијата ја поистоветувам со знаењето. Првиот милион евра го заработивме на знаење. Целосниот успех што го има Делта се состои од три збора: знаење, знаење, знаење. Има проблем што многу луѓе мислат дека знаењето не е неопходно во бизнисот и фудбалот Сите мислат дека можат да зборуваат за фудбал. Дури и јас. Никогаш не се согласував со изборот на играчи за репрезентацијата што ги избра селекторот. Исто така, кога е во прашање бизнисот, има многу политичари кои кога ќе ја завршат кариерата веднаш велат дека ќе се занимаваат со бизнис. Како бизнисот да е полето во кое е потребно најмалку знаење. Бизнисот почива на големо знаење и исклучително способни кадри.
Мојата порака до младите кои сите се талентирани за нешто е дека треба да изберат да го работат тоа што го сакаат.Ако го работат тоа што го сакаат ќе бидат успешни.Најважно е секој млад човек после работа во компанија или државна институција да каже што научил денес.
Моја порака до младите е – продолжи да учиш“, рече Мишковиќ, кој рече дека ниту една работа не може долго да трае и дека е потребно постојано инвестираат во нови проекти, пренесува Мондо.рс.

Во електронската трговија инвестираме 100 милиони евра
„Ниту еден бизнис нема долг рок. Сите имаат одреден период и исчезнуваат. Оној што сака да живее од бизнис кој е успешен во даден момент, има многу лошо време. Мораме да влегуваме во нови работи дури и кога постигнуваме добри, но и кога имаме лоши резултати. Не е тајна, ние во Делта имаме три основни дејности – земјоделство, недвижнини и застапување на странски компании. Влеговме во уште еден голем бизнис – електронската трговија. Ова го прават светските компании Амазон и Алибаба прават, ние сериозно влегуваме и нашата инвестиција е 100 милиони евра во следните седум години“.