Еден од најголемите брендови за зеленчук во Европа ги затвора своите фабрики поради цените на енергијата

120

HAK, еден од најголемите брендови за зеленчук во Северна Европа, го прекинува производството на шест недели поради високите трошоци за енергија.

Холандската компанија за зеленчук  привремено ќе го запре производството на шест недели од јануари поради трошоците за енергија, соопшти компанијата.

„Со сегашните цени на енергенсите не е изводливо да се продолжи со производство во зима“, велат од компанијата. „Не е само високата цена, туку и неизвесноста“, рече управниот директор Тимо Хогебом.

Не знаеме што ќе се случи во јануари или февруари. Значи, за да бидеме безбедни, ќе останеме затворени“, рече директорот кој посочува дека претпријатието ќе паузира кога ќе заврши сезоната на жетва.

Поради енергетската криза, HAK, кој зема зеленчук од нивите во сезоната на жетва, а потоа го складира во стаклени садови за да го зачува, вели дека затоплувањето кое е потребно за тој процес троши многу енергија.

Тие исто така рекоа дека стаклените тегли што ги користи компанијата се поскапи поради зголемената цена на енергијата.