Еден од најголемите светски трговци на мало се шири во Европа – доаѓа ли на Балканот?

90

Трговскиот синџир 7 Eleven планира да ги прошири своите операции во Европа. Ќе отвори илјадници нови продавници и ќе влезе во неколку нови пазари.

Досега 7 Eleven работеше само во Данска, Норвешка и Шведска, пишува Retail Serbia.

Компанијата која оперира со над 83.000 локации ширум светот во 19 земји, има големи планови, а има неофицијални информации дека синџирот веќе бара повеќе од 2.000 локации низ Европа. Во некои земји, 7 Eleven веќе бара компании кои би работеле со нејзината франшиза.

7 Eleven планира да го започне своето проширување во Германија, Австрија, Турција, Италија, Шпанија, Полска, Обединето Кралство и други земји.

Извршниот директор за проширување на компанијата накратко ги потврди плановите за Европа. Тој напомена дека 7 Eleven сака да стане центар каде што потрошувачите ќе можат да купуваат квалитетна и достапна храна и пијалоци.

Дали компанијата доаѓа на Балканот?

7 Eleven сè уште нема дадено официјална информација во кои земји ќе ги отвори своите први продавници. Прес-службата на компанијата 7 Eleven не одговори на прашањето на порталот Retail Serbia дали ги следи пазарите на Балканот и дали тие можат да бидат потенцијални локации за проширување.

Фото: Facebook