Еден од симболите на Лондон продаден за 321 милион евра: Веќе се знае во што ќе се претвори

25

Британската телекомуникациска кула (BT Tower, БТ Тауер), еден од симболите на Лондон, е продадена на американската корпорација MCR Hotels за 275 милиони фунти или околу 321 милион евра и најверојатно ќе биде претворена во хотел.
Директорот на имотот на БТ, Брент Метјуз, изјави дека кулата висока 177 метри, отворена во 1965 година, одиграла клучна улога во преносот на повици, пораки и ТВ сигнали во Британија, пренесува Би-би-си.

„Договорот со MCR Hotels ќе донесе нова намена на BT Tower и оваа  зграда ќе биде зачувана во децениите што доаѓаат“, рече Метјуз.
Кулата, која првично беше наречена Post Office Tower, беше највисоката зграда во Лондон цели 16 години, а нејзината улога во комуникациите постепено се намалуваше со промената на фиксната и мобилната технологија.
Технолошкиот аналитичар на CCS Insight, Бен Вуд, смета дека оваа продажба за многумина го означува крајот на една ера во телекомуникациите.

Тој истакна дека кулата БТ долго време не била достапна за јавноста, па по нејзината трансформација во хотел, многумина ќе сакаат да престојуваат во таа позната зграда.

Фото: facebook