Еден регионален и еден германски гигант во игра за купување на словенечки Туш

85

Има двајца кандидати за купување на словенечкиот трговски ланец Туш, кој неодамна беше понуден на продажба.
За компанијата со речиси 3.000 вработени во последните недели интерес покажаа неколку потенцијални купувачи од странство, а двајца се истакнаа: црногорскиот трговски синџир „Воли“ во сопственост на Драган Бокан и германскиот малопродажен гигант „Rewe“,кој има околу 3.300 продавници, пренесува СееБиз.

Малопродажниот синџир „Воли“ е најголемиот работодавач во Црна Гора, а голема деловна соработка имаат и со Изет Растодер, кој живее во Словенија, каде што е седиштето на неговата компанија „Дерби“, која е еден од најголемите светски дистрибутери на банани.

Rewe поседува неколку синџири за шопинг и дисконти во многу земји и остварува обрт од околу 60 милијарди евра годишно.

Фондот Алфи, кој е дел од групацијата KF Finance, е мнозински сопственик на Енгротуш од 2020 година, додека останатите 20 отсто се во сопственост на неговите основачи Мирко и Тања Туш.

Компанијата „Енгротуш“, која стои зад Туш трговија, во 2019 година имала финансиски обврски од над 260 милиони евра, кои не можела да ги отплати и извршила процедура за санација при што биле продадени некои поголеми трговски центри и недвижен имот.

Во 2021 година, компанијата оствари речиси 455 милиони евра нето приходи од продажба и 4,2 милиони евра нето добивка.