Единствената европска земја која избегна дивеење на цените

192

Не можеме да кажеме дека „неутралната“ европска земја беше целосно заобиколена од инфлацијата, но Швајцарија дефинитивно помина подобро од другите земји на Стариот континент.

Инфлацијата во земјата зајакна на 2,8 отсто во 2022 година, поттикната од растот на цените на горивото, автомобилите и киријата, но се намали во декември, како одраз на поблаг пораст на цените на енергијата.

Ова го покажаа податоците на заводот за статистика.

Претходната година цените пораснаа за 0,6 отсто, а во 2020 година забележаа речиси ист процентен пад.

Како што се наведува понатаму, во 2022 година инфлацијата во Швајцарија го достигнала својот врв во август, кога изнесувала 3,5 отсто, а тоа главно се должи на порастот на цената на нафтените деривати, гасот, автомобилите и изнајмувањето станови.

Онаму каде што е забележан пад на цените се пакетите за фиксна и мобилна телефонија, како и лекови.

Цените на домашните производи лани пораснале за 1,6 отсто, а на увозните за 6,7 отсто. Растот на потрошувачките цени минатиот месец забави на 2,8 отсто, што е најниско ниво во последните осум месеци.

Годишната стапка на инфлација во Швајцарија достигна 2,7 отсто.