Една четвртина од французите не се чувствуваат способни за работа до пензија

72

Една четвртина од испитаниците французи изјавиле дека не се чувствуваат способни за работа до пензионирањето, покажува истражувањето објавено во време на дебата за зголемување на старосната граница за пензионирање во Франција од 62 на 64 години.

Една четвртина од Французите би претставувале речиси девет милиони граѓани, или 37 отсто од вработените, според студијата спроведена меѓу 40.000 луѓе.

Чувството дека „работата е неодржлива“ е многу посилно кај оние помлади од 30 години (59 проценти) отколку кај оние над 50 години (18 проценти), кои често оставаат потешки работни места додека се приближуваат до пензионирањето. Ова чувство е многу изразено кај жените со мали деца (57 проценти).

Најголемо чувство на неодржливост доживуваат физичките работници, потоа вработените во контакт со јавноста (во банки, ресторани, хотели) како и медицинскиот персонал. Дури 66 отсто од касиерите изјавиле дека нема да издржат до пензионирање.

58 проценти од вработените кои се изложени на психосоцијални напори (интензивна работа, емоционални барања, социо-економска несигурност) и 46 проценти од оние кои се изложени на физички тешкотии (бучава, топлина, влажност, работа во стоечка положба, носење тежок товар) се чувствуваат неодржливи.

Овие вработени имаат понестабилни кариери од другите и се пензионираат порано или имаат паузи во кариерата, особено од здравствени причини.

Горниот дом на Парламентот, Сенатот, во кој мнозинството го сочинува десничарската опозиција, во четвртокот ја одобри смената од 62 на 64 години за пензионирање, што е клучна одредба од најавената реформа на пензискиот систем, кој претседателот Емануел Макрон сака да го спроведе и покрај насилните протести.јавен притисок за време на неговиот втор мандат.