Една четвртина од вработените во Букурешт работат во модерни канцеларии

27

Фото: Pexels

Минатата година бројот на вработени кои работат во канцелариите од категориите А и Б во Букурешт достигна околу 250.000, а вкупниот број на вработени во јануари годинава надмина еден милион, покажува статистиката на консултантската куќа National Statistics Institute (INS), а објави Romania-insider.

Според статистиката, бројот на вработени се зголемил за околу 40.000 во втората половина од минатата година. Околу 10.000 од овие нови вработени биле регрутирани од компании коишто ја извршуваат својата дејност во модерни деловни згради.

Компаниите очекуваат бројот на такви вработени да достигне 280.000, имајќи ги во предвид годишните планови за вработување што ги објавија големите меѓународни компании.