Една година Ист Гејт Мол – 1001 причина да го посетите

62

По повод една година од отворањето на трговскиот центар Ист Гејт Мол се одржа доручек со средба со новинарите на која беше презентирана работата на центарот низ факти и бројки.

За овие 365 дена, од официјалното отворање на Ист Гејт Мол, трговскиот центар работеше со полна динамика и реализираше голем број на кампањи и настани, од кои најголем дел стануваат нова традиција.

Трговскиот центар за 1 година регистрираше голем број на домашни и странски посетители и се рангираше како најатрактивна урбана дестинација за забава, дружење и шопинг со уникатен микс на содржини и на брендови и ги надмина очекуваните предвидувања.

За време на викендите Ист Гејт Мол бележи висока посетеност од Косово и Јужна Србија.

Меѓу најуникатните настани изминатава година се вбројуваат трката Колорран, организирана во сорабаотка со атлетското друштво Korrunners во која учествуваа над 2000 пријавени лица, со што ја направивме првата трка во боја во нашата држава; ,,Italian Design Days” во соработка со Италијанската амбасада со коja имаме одлична соработка за што сме многу благодарни.

За прв пат во нашата држава се случи настанот за електромобили со над 13 дистрибутери на електрични и хибридни возила, како и долго очекуваната и единствената продавница на H&M се отвори оваа година во месец август.

Извршниот директор на Скопје Ист Гејт изјави: ,,Уникатниот микс на содржини, брендови, активности, кои се единствени во државата како и естетика и комфор е она што го прави Ист Гејт Мол водечки центар што дополнително ги поттикнува посетителите да го посетат.”

Искажано преку бројки изминатата година во Ист Гејт Мол беа испитени над 300.000 кафиња, приготвени над половина милион оброци во рестораните, над 1 милион паркирани автомобили. Во трговскиот центар се наоѓаат 220 локали со 99% исполнетост и 40 киосци кои континуирано се во пораст. За сѐ ова се грижат над 2500 вработени лица кај закупците, а за хигиената, обезбедувањето и функционалноста на трговскиот центар се грижат над 1200 лица во три смени.

Овие бројки го заокружуваат она што е цел во следните години или 1001 причина да се посети Ист Гејт Мол како ,,Оne stop mall” каде што со една посета може да се извршат сите финансиски обврски како плаќање на сметки, поштенски услуги, но и одличен шопинг, широк избор на храна за сечиј вкус, богат избор на козметика, забава за сите возрасти, како и иновативен и уникатен фитнес центар.

“До крајот на оваа година, кампањите и настаните продолжуваат, а започнуваат со славењето на нашиот прв роденден овој викенд 5-6 ноември со многу подароци и попусти, потоа Денови на италијанска кујна од 10 до 14 ноември, Новогодишен и Божиќен базар и многу други активности.

Голем дел од посетителите доаѓаат со целото семејство каде најмалите уживаат во нашиот популарен електричен воз и игротеката, додека повозрасните имаат уникатно шопинг искуство како и место за забава и дружба.

Ист Гејт Мол се заблагодарува на сите вработени, и на сите закупци во трговскиот центар, сите соработници, партнери, пријатели и медиуми со кои за оваа една година направивме многу, а планираме да реализираме уште многу проекти и настани заедно.” – додаде Извршниот директор на Скопје Ист Гејт, Игор Давков.