Една година Pantheon Cloud

103

cloud

Фото: Pixabay

Пред една година компанијата Даталаб МК, регионален лидер за деловен софтвер, и Македонски Телеком склучија договор за соработка преку кој двете компании веќе 12 месеци на македонскиот пазар го нудат најдобриот софтвер за деловно работење и сметководство во регионот преку најбезбедната интернет мрежа и дата центар. PANTHEON Cloud е првиот софтвер за деловно работење во Р. Македонија, понуден во Cloud модел.

Со овозможување на ваква Cloud услуга за своите клиенти, Даталаб го олесни процесот на финансиското работење и водењето на книговодствена евиденција на своите клиенти, каде клиентите се пред сè сметководствени бироа, нивни клиенти, односно компании со надворешно сметководство, како и поголеми компании со дислоцирани сектори и сметководство.

Во текот на овие 12 месеци околу 300 корисници започнаа со успешно користење на Pantheon Cloud услугата.

ПРИМЕР ОД ПРАКСА: БОМАР – КОНСАЛТИНГ

Дејност: Сметководствени, книговодствени и ревизорски работи

Со PANTHEON Cloud сме поефикасни и пофлексибилни во нашето работење. Документацијата од клиентите ја обработуваме многу побрзо, бидејќи сме поврзани на иста база, и преносот на документите е по електронски пат. Она што особено ни е значајно е намалениот обем на грешки кои се случуваа при рачното обработување на документите од клиентите и книжењата.”

ПРИМЕР ОД ПРАКСА: КАЛКОНТ КОНСАЛТИНГ

Дејност: Сметководствен сервис

Програмот PANTHEON беше нашиот избор бидејќи е целокупен програм кој ги поддржува и материјалното работење, комплетното финансиско работење и пресметката на плати. Можноста за пристапување до програмот преку интернет беше една од клучните предности поради кои се одлучивме да го набавиме PANTHEON.

Решението на Даталаб МК е наменето за сите претпријатија, без разлика на големината и дејноста, кои сакаат целокупна поддршка и интеграција во своето деловно работење.

PA_logo1

Помалите компании, клиенти на Даталаб МК, со задоволство го прифатија начинот на електронско работење во Cloud бидејќи во прва фаза ги елиминираа трошоците за ИТ опрема и инфраструктура, додека во втора фаза ги скратија дуплите внесови и доцните достави на документи до надворешните сметководители преку заеднички пристап до системот од било каде и во било кое време со интернет врска и директен внес на основните податоци во системот. Помалите компании особено се задоволни од нивото на безбедност кое е вградено во оваа услуга која инаку е комплексна и скапа за имплементација за компании од овој обем.

Сметководствените бироа од друга страна имаа поголем успех преку заштеда на време за двоен внес на податоците од своите клиенти, бидејќи работат на истата база на податоци со нив, како и постојан пристап до потребните информации без разлика на локацијата и работната станица. На овој начин сметководствените бироа добиваат драгоцено време кое го посветуваат за придобивање на нови клиенти или изработка на напредни сметководствени аналитки за своите постоечки клиенти.

Поголемите компании со преминот на електронско сметководство имаат прегледност на сите примени и издадени фактури или документација од другите организациски единици и заштедуваат време, ресурси и грешки кои може да настанат при внесот и обработката на податоците.  PANTHEON Cloud е одличен за поголемите компании ако се наоѓаат на повеќе локации – со ова сите работат интегрирано на една база на податоци.

Цената за месечно користење на PANTHEON Cloud продуктот вклучува месечно изнајмување прилагодено на потребите и барањата на сметководствените бироа и клиентите од која било дејност, правно усогласување и надградба на софтверот Pantheon Cloud во согласност со промените во законодавството, база на податоци со соодветен капацитет, како и сигурносни копии на податоците.

Повеќе информации за е-сметководство PANTHEON Cloud може да се најдат на  телефонскиот број 0800 88 881 или www.business.telekom.mk.