Една од најбогатите земји во светот на крајот од 2025 година избегна рецесија

Швајцарската економија се стабилизираше во четвртиот квартал, со поддршка на услужниот сектор, и за малку избегна рецесија, покажа првата проценка на Министерството за економија  во понеделник.

Техничка рецесија се јавува кога економската активност опаѓа два квартала по ред.

Министерството објави дека услужниот сектор забележал мал раст на крајот од годината, додека индустрискиот сектор стагнирал.

Во 2025 година, економијата пораснала за 1,4 проценти, што е за 0,2 процентни поени посилно отколку во 2024 година.

Активноста малку се забрза, но стапката на раст е сè уште под долгорочниот просек.

Глобалната средина беше неповолна за извозно ориентираната индустрија, но растот на услужниот сектор беше над просекот, истакна владата.

Фармацевтската индустрија повторно забележа раст минатата година, но тој беше поништен од негативниот резултат во другите индустриски сектори, па затоа придонесот на индустријата кон растот на БДП минатата година беше негативен, според министерството.

Услужните дејности беа стимулирани од трговијата и финансискиот сектор.

Министерството треба да објави ревидирани податоци за БДП во четвртиот квартал на крајот од месецот,  пренесе Пословни.хр.