Една од најголемите агенции го намали францускиот кредитен рејтинг

Агенцијата за кредитен рејтинг Мудис во саботата го намали кредитниот рејтинг на Франција на Аа3 со стабилна перспектива поради, како што групата ја опиша како „политичка фрагментација“ на Франција.
Францускиот претседател Емануел Макрон го назначи својот центристички сојузник Франсоа Бајру за премиер во петокот, откако на претходниот премиер Мишел Барние му беше изгласана недоверба една недела претходно.

Агенцијата за кредитен рејтинг Мудис во саботата го намали кредитниот рејтинг на Франција на Аа3 со стабилна перспектива, по неколкумесечната политичка криза и назначувањето на центристот Франсоа Бајру за премиер.

Мудис во својата одлука ја наведе „политичката фрагментација“ на Франција, која дојде откако парламентот ја собори владата на Мишел Барние со историско гласање за доверба по ќор-сокакот околу буџетот за штедење.

„Одлуката за намалување на рејтингот на Франција на Аа3 го одразува нашиот став дека француските јавни финансии ќе бидат значително ослабени поради политичката фрагментација на земјата, која, во догледна иднина, ќе го ограничи опсегот и големината на мерките кои би можеле да ги намалат големите дефицити“, соопшти рејтинг агенцијата, се наведува во соопштението за медиумите.

Фото: Pixabay