Една од најстарите авиокомпании пред банкрот

66

Кризата во авиоиндустријата трае сè подолго и подлабоко. Најновата жртва може да биде една од најстарите авиокомпании во светот Czech Airlines, националниот авиопревозник на Чешка.

Оваа позната компанија, основа пред скоро 100 години, наскоро може да ги прекине сите редовни операции и да прогласи банкрот.

Kомпанијата не ги плаќа своите обврски и генерирала долг од скоро 70 милиони евра кон добавувачите и патниците, пренесува Пословни дневник.

Уште во 2013 година, јужнокорејската авиокомпанија Korean Air купи поголем удел во чешката авиокомпанија со цел да создаде поголем број врски и своевиден сопствен “центар“ во Прага.

Потоа, Czech Airlines презеде авион со широко тело А330-300 од Korean Air и ја отвори долгата линија Прага-Сеул-Прага. Сепак, корејските инвеститори решија да го продадат својот сопственички удел во 2017 година, бидејќи не беа задоволни од деловните резултати.

По избувнувањето на пандемијата на коронавирусот, Czech Airlines ја прекина својата единствена долга линија и го врати А330-300 на Korean Air.

Финансиските проблеми на оваа компанија не се појавија за време на пандемијата, но се чини дека кризата предизвикана од Ковид-19 ќе биде последниот удар за Czech Airlines.