Едноставност и иновативност – двете нешта што го одведоа Армани на врвот

9

Giorgio-Armani-a-Mosca-1

Mојата визија беше јасна: Верував дека треба да се ослободиме од вештачкто во облеката. Верував во неутрални бои.

Џорџо Армани не е само познат дизајнер на облека. Откако го лансираше својот бизнис во средината на 70-тите, модната империја не престанува да расте.

FASHION-ITALY-MILAN-MEN-GIORGIO ARMANI

Денес Групацијата Армани дизајнира, произведува, дистрибуира и продава висока мода, облека за широка потрошувачка (ready-to-wear), производи од кожа, чевли, часовници, накит, додатоци, очила, козметички производи и покуќнина.

4618859454_2b85e48516_z

Познатиот бренд ги продава своите производи под неколку суб-брендови, како што се Giorgio Armani, Armani Collezioni, Emporio Armani, AJ-Armani Jeans, AX- Armani Exchange, Armani Junior и Armani/Casa.

Во јули 1975 Армани и неговиот пријател Сергио Галеоти станаа бизнис партнери и ја основаа компанијата Giorgio Armani S.p.A. Првата колекција беше линија облека за мажи и своето деби го имаше истата година. Следната година беше лансирана и колекција за жени, која исто така наиде на добар прием кај луѓето.

Giorgio-Armani-1982Неговите дизајни станаа многу популарни во Европа, но на Армани му требаа уште неколку години за истите да бидат препознаени и на американскиот пазар. Парчиња од неговата линија за мажи ги носеше Ричард Гир во популарниот филм Жиголо, како и Дон Џонсон во серијалот Пороците на Мајами, што придонесе облеката на дизајнерот да стане надалеку прочуена.

Во 1985 неговиот личен пријател и бизнис партнер Галеоти ја изгуби борбата со сидата, што за Армани беше голем и тежок удар, но и стремеж да работи уште повеќе.
item0.rendition.slideshowWideHorizontal.ss01-giorgio-armani

Како што одминуваа годините, модната империја на италијанскиот дизајнер се ширеше се повеќе. Така во 1989 Армани го отвори својот прв ресторан. Дури ни проблемите со законот не можеа да го забават вредниот и амбициозен дизајнер.

Во 1996 тој доби само условна казна откако се изјасни виновен за подмитување италијански даночни службеници во 1989 и 1990 година.

Успешната приказна за Џорџо Армани продолжи да се испишува, па така до крајот на 90-тите брендот поседуваше повеќе од 2000 продавници ширум светот, а годишата заработка изнесуваше околу две милијарди долари.

Emporio-Armani-store-New-York-01

Неговата компанија продолжи да го збогатува својот асортиман на производи со покуќнина и издаваштво. Линијата на козметика на Армани беше лансирана во 2000 година, а во 2005 првата колекција на висока мода.

Последните проекти на дизајнерот вклучуваат ресторани и хотели. Во 2010 беше отворен првиот хотел во Дубаи со потписот на Армани, а планирани се уште неколку во светските метрополи.

People stand outside Dubai's Armani hote

Интересни факти

Џорџо Армани никогаш не запалил цигара.

Тој е посветен на вегетаријанската исхрана.

Секое утро, без исклучок, во 7 часот вежба во својата приватна сала за вежбање.

Доколку би можел да направи се одново, Армани не би бил моден дизајнер, туку филмси режисер.

douglas-friedman-celebrity-home-giorgio-armani-living-room-wardrobe

Во младоста кратко време се занимавал со боди билдинг. 

Неговата модна империја, која има годишни приходи од неколку милијарди долари, е целосно на негово име и тој располага со сите средства како единствен сопстеник.

Неколку членови од неговата фамилија работат за него, неговата сестра Росана и двете негови внуки Силвана и Роберта.

Armani

Од работното портофолио на Армани

Giorgio Armani

Машка и женска облека за широка потрошувачка, модни додатоци, очила, козметика и парфеми.

Emporio Armani

Висока мода, облека за широка потрошувачка и модни додатоци.

emporio-armani-2007-ss-womenswear

Armani Collezioni

Елегантна линија на облека наменета за повозрасни луѓе, професионалци.

Armani Jeans

Облека во чија основа е тексасот како материјал. Колекцијата е со малку поживи бои, нетипично за Армани.

A-X-Armani-Exchange-Spring-2009-campaign-photo-Tom-Munro-Stylist-Victoria-Bartlett-Model-Rianne-Ten-Haken-at-Women-Management-New-York-Blog-2

Armani Exchange

Познат по своите провокативни кампањи при рекламирање на модните производи.

Armani/Casa

Стилизирана колекција на софистициран мебел, лампи, постелнина и прибор за јадење.

Armani-Casa-Miami-Robin-Hill

Armani Cosmetics

Колекција на производи за убавина: шминка, парфеми, тоалетни води за мажи и производи за него на кожа. Произведени и дистрибуирани од компанијата L’Oreal која соработува со модната империја Армани.

Holt-Renfrew-Yorkdale-Beauty-Hall-Giorgio-Armani

Џорџо Армани поседува 14 Emporio Armani и Armani Jeans кафулиња низ светот, Armani бар во Хонг Конг, два ресторани NoBu & Prive, слаткарница Armani Dolci, книжара Armani Libri, како и цвеќара Armani Fiori.