Едукативниот центар на Seavus организира летна школа за програмери

29

94611dc7-34d4-4a37-96e5-11457f517934Едукативниот и развоен центар на Seavus организира четиринеделна летна школа за дизајн и кодирање, под називот SEDC Summer Kingdom.

Сите заинтересирани млади артисти, гејмери, дизајнери, програмери, студенти и креативци од 12-ти јуни до 7-ми јули ќе имаат можност да бидат дел од летната школа која ќе опфати работилници, предавања, натпревари и забава.

Учесниците на летната школа покрај усовршување на своите знаења, ќе добијат и шанса да работат со врвни професионалци од индустријата и да создадат игри, апликации и решенија кои во иднина можат да им донесат големи придобивки.

Во рамки на школата ќе биде организиран и Gameathon – маратонот за создавање игри под слоганот Сечија омилена игра може да изгледа онака како што самиот ќе ја замисли. Учесниците, покрај работилниците и предавањата, ќе имаат можност да го збогатат своето знаење преку директни менторски средби со експертите од Seavus и FX3X.

Најавени се и работилници за Microsoft, Java, Embedded, Adobe, кариерно советување и останати предавања кои освен едукативен ќе имаат и забавен карактер.

SEDC Summer Kingdom ќе понуди комбинирана, теоретска и практична настава од основи на програмирање и дизајнирање алгоритми, збогатена со работа на реални проекти, натпревари и секако атрактивни награди за сите учесници.

Заинтересираните за учество на настанот повеќе информации можат да најдат на: www.facebook.com/SEDCfanpage.