Effie, машина што ја суши и пегла облеката

72

bag

Фото: Effie

Двајца инженери од Лондон, Рохан Камдар и Тревор Керт дизајнираа машина којашто може да исуши и испегла облеката за неколку минути. Effie суши и пегла 12 одделни парчиња облека одеднаш и го намалува времето за пеглање за околу 95%.

Младите изумители велат дека оваа машина го намалува времето на чекање, бидејќи секоја влажна облека е подготвена за носење за три минути. Користењето на Effie е едноставно. Корисникот треба да ја закачи облеката на посебни закачалки што се наоѓаат во неа. Исто така, има и посебен дел каде што може да се додаде посебен мирис за алиштата да мирисаат поубаво.

Effie е прототип, но Рохан и Тревор најавија дека ќе ја претстават целосната верзија на пролет. Цената на оваа машина изнесува 699 фунти.