Египет добива мегапроект на Црвеното море- Инвестиција тешка 18,5 милијарди долари

Египетската компанија за недвижности „Емар Миср за развој“ потпиша договор со партнери од Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати за изградба на голем туристички комплекс на брегот на Црвеното Море.

Вредноста на инвестицијата се проценува на околу 900 милијарди египетски фунти (околу 18,58 милијарди долари), додека се очекува проектот да донесе помеѓу 100 и 200 милиони долари годишно од туристички активности, според заедничкото соопштение на компаниите, пренесува Ројтерс.

Овој проект првпат беше најавен во февруари, а сега доби и официјална потврда. Во последно време, Египет интензивно бара големи странски инвестиции со цел да ја стимулира нестабилната економија, која е под притисок на долгорочната финансиска криза и последиците од војната во Газа, пишува Блиц.