Египет ќе биде домаќин на COP27 во 2022 година

47
Египет ќе биде домаќин на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени COP27 во 2022 година, соопшти Министерството за животна средина на земјата.
Северноафриканската земја ќе ја одржи конференцијата во одморалиштето на Црвеното Море, Шарм Ел Шеик.
Одлуката беше донесена за време на овогодинешната конференција COP26, чиј домаќин беше Обединетото Кралство во Глазгов.
Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси во септември го објави интересот на неговата земја да биде домаќин на COP27, во име на африканскиот континент. Земјата ќе работи на конференцијата за да биде „радикална пресвртница во меѓународните напори за климата во координација со сите страни, за доброто на Африка и на светот“, рече тој тогаш.
Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) се избрани да бидат домаќини на меѓународната климатска конференција COP28 во 2023 година.