Египет ќе добие подводен музеј

43

alexandria-museumВо вториот по големина град во Египет, Александрија, ќе се гради подводен музеј, каде посетителите ќе можат да ги видат антиквитетите што се наоѓаат под вода.

Египетскиот министер за антиквитети Мамду ал Дамату, ги најави плановите за изградба коишто првобитно биле разгледувани уште во 1996 година, пишува Observer. Музејот е планирано да се наоѓа под пристаништето Кир во историскиот град.

alexandria-underwater-museum-tank

На морското дно во Александрија се наоѓаат околу 2.500 потопени остатоци, како и масивни камени блокови за коишто се верува дека потекнуваат од светилникот Фарос, којшто со своите 137 метри се смета за едно од седумте светски чуда на античкиот свет. Меѓу потопените светски чуда се наоѓаат и остатоците од палатата на Клеопатра VII.

Проектот е дел на францускиот архитект Жак Рожери, а според него подводниот тунел ќе биде изграден од фиберглас и ќе оди во длабочина од шест метри.

alexandria-underwater-museum.jpg__800x600_q85_crop