Египетскиот суд ја отфрли жалбата и барањето на јапонскиот сопственик на товарниот брод Ever Given, којшто во март го блокираше сообраќајот во Суецкиот канал шест дена.
Јапонските сопственици побараа бродот веќе да не се задржува од страна на египетските власти.
Ever Given е еден од најголемите товарни прекуокеански бродови, коишто поради силни странични удари на ветер во текот на поминувањето низ Суецкиот канал на 23-ти март го блокираше пловниот пат, го запре сообраќајот и на тој начин предизвика прекин во глобалната трговија.
Жалбата што ја поднесоа сопствениците на товарниот брод е приклучена на предмет во економскиот апелациониот суд во Египет, од каде што управата на Суецкиот канал побарува 916 милиони долари од сопственикот на бродот како компензација за блокадата и како услов за негово ослободување.
Судот го врати предметот на пониска судска инстанца којашто би требало на 29-ти овој месец да организира расправа за да се донесе нова одлука.
Фото: Facebook











