Египет со 41% пад на приходот од туризмот

29

egipetТри години политичка нестабилност во Египет доведоа до драстичен пад на приходите од туризмот и затворање на бројни работни места.

Приходите во 2013 година потонаа за 41%, на 5,9 милијарди долари во споредба со 2012 година, кога изнесуваа 10 милијарди долари.

Египетскиот министер за туризам, Хашим Зазоу, мината година ја прогласи за најлоша туристичка година досега. Некои места, кои порано беа преполни со туристи, сега станаа “градови на духови”.

“Во некои градови скоро да немаше никакви туристички посети во јули минатата година”, изјави министерот.

Минатата година Египет го посетиле 9,5 милиони туристи, за разлика од 2010 година, кога е забележана рекордна бројка од 14,7 милиони туристи. Министерот се надева дека оваа година ќе се подобри ситуацијата и очекува 13 милиони туристи до крајот на 2014 година и приход од 11 милијарди долари.