Египет би можел да постави безбедносни камери на местата каде што има туристи за да ги одврати милитантите од напади врз посетителите, изјави портпаролот на министерството за внатрешни работи Хани Абдел Латиф, јавува Ројтерс.
“Постои безбедносен план за туристичките подрачја со кој ќе се одржи стабилност на тие простори со потполна координација. Очекуваме проблеми затоа што сме во војна против тероризмот”, изјави портпаролот.
Политичката нестабилност и насилствата и нанесоа штета на египетската туристичка индустрија, која во фискалната 2012-2013 година заработи 9,75 милијарди долари, во споредба со 11,6 милијарди долари заработени 2009-2010 година.