Egoist – најскапиот чајник во светот

87

Egoist-Teapot-3-1170x1033

Чајникот Egoist е најскапиот чајник во светот запишан во Гинисовата книга на рекорди со импресивна цена од три милиони долари, пишува Luxury Trump. Скапиот предмет неодамна беше претставен во еден лондонски ресторан. Дизајниран е од Нирмал Сетиа, основач на N Sethia Foundation и Newby Teas.

Миланскиот изработувач на накит Скавија го направи овој 18-каратен чајник обложен со најскапоцените камења на пазарот – 1.658 дијаманти и 386 рубини. Украсот, којшто се наоѓа на врвот, е редок тајландски  рубин од 20,70 карати, додека рачката е изработена од слонова коска на мамут. На Скавија му требаа шест месеци за да го изработи ова ремек дело.

Egoist-Teapot-5

Екстремно високата цена се должи на врвните материјали, а името доаѓа од фактот што овој чајник е наменет само за едно лице. Истиот беше креиран за да се зголеми глобалната свест за историското и културното значење на чајот, напивка што постои повеќе од еден милениум.

Чајникот Egoist сега е дел од колекцијата Читра, основана во сеќавање на жената на Сетиа, Читра. Колекцијата содржи повеќе од 1.700 ретки чајници и други предмети поврзани со оваа напивка, историски и модерни. Иако моментално е приватна колекција, во 2017 година истата ќе биде отворена и за јавноста. Целата колекција моментално вреди 212 милиони долари.