ЕИБ одвојува уште 300 милиони евра за кредитирање на Ковакс

22

Шефот на Европската инвестициона банка (ЕИБ), Вернер Хоер, изјави дека финансиската институција на Европската унија е подготвена да ја зголеми кредитната поддршка на механизмот Ковакс за поделба на вакцини на 900 милиони евра.

Банката претходно вети 600 милиони евра кредити за таа програм што заеднички ја водат Светската здравствена организација и Сојузот за вакцини – Гави, пренесува Ројтерс.

“Спремни сме тој износ да го зголемиме за дополнителни 300 милиони евра“, рекол Хоер.

Фото: Pexels