ЕК го казни Google со 2,42 милијарди евра

38

evra

Фото: Pexels

Европската комисија го казни Google со 2,42 милијарди евра, по седумгодишната истрага во врска со тврдењата дека технолошкиот гигант го злоупотребил монополот за интернет пребарување, пишува Telegraph.

Компанијата е казнета поради фаворизирање на својата веб трговија во резултатите при пребарувањето. Популарниот интернет пребарувач има рок од 90 дена да престане со антипазарната пракса, во спротивно ќе се соочи со нови парични казни. Одлуката следи поседумгодишна истрага, а земени се во предвид и приговорите од конкурентите на Google, Yelp и Trip Advisor.

Ова е најголема парична казна изречена од Европската комисија и е двојно поголема од претходно изречената на Intel во 2009 година, којашто изнесуваше 1,06 милијарди евра.