
Европската комисија го одобри трансферот на последната транша од овогодинешната програма за макрофинансиска помош за Украина, во износ од 1,5 милијарди евра, соопшти претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.
„Во наредните денови ќе префрлиме 1,5 милијарди евра, последната транша од овогодинешната програма“, изјави претседателот на ЕК на крајот од самитот на Европскиот совет во Брисел, пренесува „Украинска Правда“.
Пакетот макрофинансиска поддршка е во вкупен износ од 18 милијарди евра за оваа година, од кои 16,5 милијарди евра веќе се префрлени во Киев, пишува украинскиот весник.











