Европската комисија поднесе жалба против Словенија затоа што не го испочитувала рокот да ги отстрани и санира двете незаконски депонии со висока содржина на тешки метали, непосредно во близината на Цеље, кои се закана за здравјето на луѓето.
Се работи за околу 20.000 метри кубни контаминирана земја. На некои места концентрацијата на тешки метали е за неколку стотици пати над дозволеното ниво. Металите се од старата фабрика Цинкарна во Цеље.
Постапката со која ЕК ја предупреди Словенија за проблемот започна во 2012 година. Мерките требаше да бидат спроведени до крајот на минатата година, а Словенија не го испочитува рокот.