ЕК набавува роботи за дезинфекција на болници

163

Европската комисија (ЕК) почна постапка за набавка на 200 роботи за дезинфекција на болници во вредност од 12 милиони евра. Роботите ќе бидат испорачани во болниците ширум Европската унија.

Болници од поголемиот дел од земјите членки изразиле интерес за таков вид на роботи што може да ги дезинфицираат стандардните болнички соби, користејќи ултравиолетово светло во рок од 15 минути.

Целиот процес ќе го контролира лице кое се наоѓа надвор од собата што се дезинфицира за да не биде изложена на овој вид на зрачење.

“Го поздравувам овој потег да им се помогне на болниците во Европа да го намалат ризикот од инфекција, што е важен чекор во запирање на заразата“, вели Маргарет Вестагер, извршна потпретседателка на ЕК.

Роботите би требало да бидат испорачани во следните неколку недели, а средствата за нивна набавка се обезбедени од европскиот Инструмент за итна помош.

Фото: Pixabay