ЕК се закани: Продадете ја Хипо банка на Балканот или ќе ја затвориме

53

hypo bankaЕвропската комисија им се закани на банкарите во Хипо група и на Австрија дека ќе наложи нејзино затворање, доколку надлежните органи во Виена итно не поднесат во Брисел план за реструктуирање на презадолжената банкарска групација. Според дефиницијата на ЕУ, успешно реструктуирање на Хипо подразбира итна продажба на осум Хипо банки во југоисточна Европа, главно на Балканот, пишува Политика.

“Само една австриска банка влијае на главоболката на чуварот на конкурентност на ЕУ, а тоа е седма по големина банкарска куќа во таа земја”, изјави еврокомесарот за конкурентност, Јоакин Алмуња, без конкретно да го спомене името на Хипо банка.

Тој истакна дека оваа банкарска институција веќе цели пет години живее на грбот на државата. Поради нејзиниот опстанок, Виена одобри субвенции од 1,5 милијарди евра, а претстои уплата на уште 700 милиони евра од буџетските средства на Австрија.

“Европската комисија одобри дополнителни субвенции од 700 милиони евра под услов Виена до крајот на првиот квартал од 2013 година да го реши случајот Хипо, најдобро што знае и умее”, изјави Алмуња и додаде дека решението се уште не е на повидок.