ЕК одбива да направи компромис за прием на Бугарија во еврозоната

Бугарија мора да ги исполни сите критериуми за еврото, не сме склони кон компромиси

Европа очекува Бугарија да ги исполни сите критериуми за прифаќање на еврото и не е склона на компромиси. Ова го соопшти еврокомесарот за економски и финансиски прашања Паоло Џентилони во интервју за НОВА ВЕСТИ.
Од зборовите на Џентилони стана јасно дека додека Бугарија не го исполни критериумот за инфлација, не може да смета на покана за влез во еврозоната, пренесува segabg.

„Бугарија сигурно ќе исполни три од критериумите. Четвртиот, кој е поврзан со инфлацијата, сè уште не е постигнат. Но, ние сме оптимисти дека до крајот на годината Бугарија ќе може да го постигне и овој критериум“, рече Еврокомесарот за финансиски прашања. И додаде: „Целото семејство на еврозоната е многу среќно поради можноста следната година, во одредено време, да се приклучи 21-та членка – Бугарија“.