Ек предлага ковид пасоши

24

Европската комисија предложи уредба за воспоставување дигитална потвда што би требало да овозможи безбедно патување во рамки на Европската унија додека трае пандемијата. Тоа ќе биде доказ дека лицето е вакцинирано, веќе ја прележало болеста или има негативен тест на коронавирусот.

Потврдите ќе бидат бесплатни, во дигитална и хартиена форма на јазикот на земјата што ги издава и на англиски јазик. Ќе содржат и код со којшто ќе се верификува автентичност на потврдата. Тие ќе бидат ускладени и доверливи низ цела ЕУ.

Комисијата ги повикува земјите членки и Европскиот парламент што поскоро да го усвојат предлогот за да може уредбата да стапи на сила до ова лето.

Целта на оваа уредба е да се спаси туризмот во рамки на Европската унија.

Според податоците на Комисијата, досега во ЕУ се вакцинирани само 3,5% од жителите.

Фото: Pexels