ЕК предлага промена на ембаргото за руската нафта поради Унгарија и Чешка

91

Европската комисија предложи промени во планираното ембарго на руската нафта во обид да ги придобие земјите-членки кои рекоа дека не можат да го поддржат предлогот, пренесе Ројтерс, повикувајќи се на три неименувани извори од Европската унија.

Изменетиот предлог, за кој разговараа претставниците на ЕУ на состанокот утринава, се обидува да им даде повеќе време на Унгарија, Словачка и Чешка да се прилагодат на ембаргото и да помогнат во подобрувањето на нивната нафтена инфраструктура, изјавија за британската агенција извори од ЕУ.

Промените вклучуваат продолжување на периодот на транзиција кон транспортните услуги на ЕУ на три месеци пред да стапи на сила забраната за транспорт на руска нафта, наместо првично продолжениот рок од еден месец.