ЕK: Рускиот БДП ќе падне за 0,9 отсто во 2023 година

22

Бруто домашниот производ (БДП) на Русија ќе се намали на крајот на оваа година за само 0,9 отсто наместо 3,2 отсто како што претходно прогнозираше Западот, објави Европската комисија во својот најнов пролетен извештај за проекциите за трендовите на рускиот БДП за 2023 и 2024 година.

Дополнително, комисијата ја подобри прогнозата за раст на БДП за 2024 година. Според претходните извештаи, индикаторот требаше да порасне за 0,9 отсто во текот на следната година, додека најновите податоци покажуваат подобри резултати – раст од 1,3 отсто.

Состојбата со невработеноста во земјата, исто така, се оценува дека ќе биде на подобро ниво во текот на оваа и следната година, отколку што беше претходно предвидено во есенскиот извештај.

Вкупното ниво на невработеност во земјата годинава ќе достигне 3,7 отсто, а следната година четири отсто. Есенските прогнози на ЕК за наведените периоди очекуваа ниво на невработеност од 4,5 и 4,6 отсто.

ЕК понатаму наведува дека инфлацијата во земјата на крајот на 2023 година треба да достигне ниво од 6,4 отсто, а следната година 4,6 отсто.

За споредба, Централната банка на Русија предвидува дека инфлацијата на крајот на 2023 година ќе биде во опсег од пет до седум проценти. На крајот на 2024 година се очекува индикаторот да се врати на целните четири проценти.