
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен изјави дека сè повеќе земји во светот сакаат да склучат трговски договори со ЕУ, наведувајќи дека тоа е „позитивен спореден ефект“ откако американскиот претседател Доналд Трамп ги зголеми тарифите за стоките увезени во САД.
Фон дер Лајен изјави за германскиот весник Цајт дека „Европа е целосно будна“ за можностите за „нов светски поредок“.
„Во моментов одржувам голем број разговори со шефови на држави и влади ширум светот кои сакаат да работат заедно со нас на новиот поредок“, рече фон дер Лајен.