ЕК следната година нема да ги обнови договорите со AstraZeneca и Johnson & Johnson

21

Европската комисија донесе одлука да не ги продолжи договорите за набавка на вакцини против Ковид-19 со компаниите AstraZeneca и Johnson & Johnson следната година, пишува La Stampa, повикувајќи се на извор од италијанското Министерство за здравство, пренесува Ројтерс.

“ЕК, во договор со лидерите на многу земји (ЕУ), одлучи дека договорите со компании кои произведуваат (векторски) вакцини, кои важат за тековната година, нема да бидат обновени по истекот“, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на италијанскиот дневен весник.

Се додава дека Брисел повеќе би сакал да се фокусира на вакцините што користат технологија на МРК, како што се Pfizer и Moderna.

Исто така, се вели дека ЕК бара објаснување од Johnson & Johnson во врска со “целосно неочекуваната“ најава за доцнење во испораката на вакцини против Ковид-19 до Унијата, изјави за Ројтерс вчера официјален претставник на ЕУ.

Вакцината на AstraZeneca изминатиов период се соочи со проблеми околу нејзината безбедност, по случаите на тромбоза во повеќе европски земји, поради што беше поставена возрасна граница за вакцинирање над 60 години.

Американските здравствени власти вчера препорачаа “пауза“ во употребата на вакцината на Johnson & Johnson поради случаи на појава на згрутчување на крвта.

Фото: Pixabay