Финската компанија Exsilio Oy дизајнира урбана фарма во кутија во којашто ќе може да се одгледува свеж зеленчук во градска средина. За функционирање на Eko Farmer потребно е само вода и струја, пишува Inhabitat.
Одгледувањето на зеленчук во урбани средини станува сè популарно, со градини коишто никнуваат на врвот на висококатниците. Eko Farmer е модул долг 13 метри којшто може да биде поставен на место каде што има вода и струја и содржи еколошка почва. Дизајниран е да произведува оптимални приноси и да се користи за комерцијални и научни цели, а најголема корист од урбаната фарма можат да имаат рестораните.
Фото: Eko Farmer