Еко – град во Турција ќе произведува топлинска енергија од ‘фстаци

112

fstaci‘Фстаците, освен што се одличен антиоксиданс и се здрави за срцето, добиваат сосема нова улога. Од нивните лушпи, во турскиот град Газиантеп, ќе се произведува топлинска енергија.

Овој град што се наоѓа во југоисточниот дел на Турција, ќе ги користи остатоците од ‘фстаците за греење. Овој проект го предложила француската компанија Burgeap, која тврди дека од лушпите од ‘фстаците може да се задоволат 60% од потребите за топлинска енергија во Газиантеп.

Во овој град се произведуваат дури 50% од вкупното производство на ‘фстаци во Турција.

Главната идеја за производство на енергија со помош на остатоците од овој силен антиоксиданс е добивање на биогас од нивното согорување.

Во рамки на првата фаза би требало да се спроведе пилот-проект со помал опфат, па доколку се покаже како успешен, градот од 200.000 жители за кратко време би може да се затоплува на ваков начин.

Турција е трета во светот, зад Иран и Соединетите Американски Држави, во глобалното производство на ‘фстаци. Само минатата година оваа земја извезла на три тони од овие производи.