Еко – куќа во хобит стил од 180 евра

142

maxresdefaultВо селото Дедингтон во Англија се наоѓа една куќа што потсетува на колибите од хобитите во истоимениот филм, пишува Goodshomedesign.

Покрај невообичаениот изглед, оваа куќа има и интересна цена – таа чини само 180 евра. Творец на градбата е Мајкл Бак, земјоделец, којшто за да ја изгради во својот двор користел само природни материјали.

Во куќата нема струја, гас ниту вода, а нејзината конструкција траела осум месеци. За да ги изгради ѕидовите, Мајкл користел мешавина од слама, глина и песок. Градбата зафаќа површина од 30 метри квадратни, а за прозорци Бак користел шофершајбни од стари камиони.

Куќата била прилично студена, па за изолација тој употребил овча волна што ја поставил на кровот. Греењето е со печка на дрвја, а за светло се користат свеќи и фенери.cob-house-2cob-house-3cob-house-427om07outside.jpg-pwrt3