Американскиот старт – ап Pedal Forward создава велосипед што е изработен од бамбусово дрво.
Овој природен материјал се користи за производство на овој велосипед бидејќи според својствата може да се спореди со алуминиумот, има поголема цврстина од челикот и четири пати поголема апсорпција на јаглеродните влакна. Исто така, бамбусот за разлика од другите материјали е многу поевтин и широко распространет.
Целта на младиот претприемач Метју Викинс е да им помогне на луѓето полесно да се движат низ градскиот метеж со помош на овој велосипед којшто е произведен на оддржлив и општествено одговорен начин.
Долгорочната цел на Pedal Forward e велосипедот да се произведува во земјите развој, каде што населението има најмногу потреба од ова едноставно и економично превозно средство.
Овој проект се најде на глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, каде што планира да собере 40.000 долари. Дел од средствата се наменети за посебен простор во којшто ќе се произведуваат овие велосипеди, а ќе бидат вработени и обучени локални бездомници.