Економијата и вработеноста во еврозоната забележаа благ раст во четвртиот квартал од 2024 година

Економијата и вработеноста во еврозоната забележаа благ раст на квартална основа за по 0,1 отсто во четвртиот квартал од 2024 година, објави денеска Евростат.

Европската унија забележа квартален економски раст од 0,2 отсто, според прелиминарната „блиц“ проценка.

Споредено со истиот квартал од претходната година, сезонски прилагодениот БДП порасна за 0,9 отсто во еврозоната и за 1,1 отсто во ЕУ во четвртиот квартал од 2024 година.

Бројот на вработени во еврозоната и во Европската унија се зголеми за 0,1 отсто на квартално ниво во четвртиот квартал од 2024 година.

На годишна основа, вработеноста во еврозоната се зголеми за 0,9 отсто во 2024 година, а во Европската унија за 0,8 отсто, се додава на веб-страницата на Евростат, пренесува Танјуг.