Глобалната понуда на нафта може да ја надмине побарувачката во 2025 година

Глобалната понуда на нафта во 2025 година би можела да ја надмине побарувачката за околу 600.000 барели дневно, се вели во месечниот извештај објавен денеска од Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).

Гореспоменатиот пазарен суфицит би можел да порасне за дополнителни 400.000 барели дневно доколку нафтениот картел ОПЕК + ги продолжи доброволните намалувања на производството и не успее да го ограничи вишокот на производство во однос на квотите, соопшти агенцијата со седиште во Париз.

ИЕА ја ревидираше надолу својата прогноза за раст на побарувачката на нафта во 2025 година за 70.000 барели дневно на околу 1 милион барели дневно, додавајќи дека растот во голема мера е поттикнат од Азија, особено од кинеската петрохемиска индустрија.