Економијата на Обединетите Арапски Емирати порасна за 7,6 отсто

34

Министерот за економија на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Абдула бин Тук Ал Мари, објави дека економијата на државата од Персискиот Залив пораснала за 7,6 отсто во 2022 година, што е речиси двојно повеќе од растот на бруто домашниот производ (БДП) во 2021 година.

Според Ројтерс, иако повисоките цени на енергијата помогнаа во економскиот раст минатата година, се очекува растот да забави оваа година, со понеизвесни цени на нафтата и попредизвикувачки глобален макроекономски амбиент.

ОАЕ има за цел да ја удвои својата економија до 2031 година и целосно да ги елиминира емисиите на јаглеводороди.

„За да го направиме тоа, ни треба раст на БДП од седум проценти секоја година. Ова ќе дојде со сите стратегии што ги поставивме: влијанието на трговските договори, отворената трговија…“, оцени Ал Мари.

Тој додаде дека повторното отворање на кинеската економија може да одигра „голема улога“ во намалувањето на инфлацијата ширум светот, особено на стоките и производите што доаѓаат од Кина, еден од најголемите трговски партнери на ОАЕ.