Економијата на ОЕЦД во првиот квартал порасна за 1,5 отсто на годишна основа

57

Економиите во земјите на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) пораснаа за 1,5 отсто во првиот квартал на годишна основа, објави во вторникот меѓународната организација.

Стапките на раст на БДП беа 1,2 отсто во Европската унија, 1,3 отсто во еврозоната и 1,2 отсто во групата Г7 од седум најразвиени земји, се наведува во соопштението на ОЕЦД, јавува Anadolu Agency.

Меѓу земјите од Г7, највисока стапка на раст забележа Канада со 2,1 отсто, додека германската економија во првиот квартал забележа пад од 0,1 отсто на годишна основа.

На квартална основа, економијата на ОЕЦД порасна за 0,4 отсто во првиот квартал.

Стапките на раст беа 0,2 отсто во ЕУ, 0,1 отсто во еврозоната и 0,3 отсто во Г7.

Фото: Pixabay