Економијата на САД ќе забележи пораст од 7% оваа година, прогнозира Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), што е значително повисока проценка е првичната во април, а се заснова на силното закрепнување од пандемијата, како и претпоставката дека плановите на претседателот Џо Бајден за инфраструктурна и социјална потрошувачка ќе бидат усвоени.
ММФ во проекцијата од април предвиде раст на американскиот бруто домашен производ за оваа година од 4,6%. Фондот ја зголеми и прогнозата за раст на американската економија за следната година на 4,9% во однос на априлската проекција од 3,5%.
Новите прогнози претпоставуваат дека американскиот Конгрес оваа година ќе ги усвои плановите на администрацијата на Бајден, насочени кон вработувања и инвестиции во подигнување на стандардот на американските семејства.
Извршната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева рекла дека САД ќе усвојат бројни препораки што ММФ со години им ги давал.
Фото: Pexels