Светската економија може да расте силно оваа и следната година, иако огромното мнозинство на економисти анкетирани во истражувањето на Ројтерс предупредуваат дека новите варијанти на коронавирусот претставуваат најголем ризик.
Глобално истражување беше спроведено во јули меѓу скоро 500 економисти.
Тие предвидуваат дека глобалната економија годинава ќе порасне за 6%, што е највисока стапка во последните 50 години, но треба да се има предвид ниската основа за споредба како резултат на силниот економски пад минатата година.
Се проценува дека нешто повеќе од половина од испитаните 48 економии ќе растат со повисоки стапки во секој квартал од оваа година отколку што се очекуваше претходно.
Но, наглото ширење на најновата верзија на вирусот потсетува дека пандемијата не исчезна и покрај зголемениот опсег на вакцинација. Учесниците на истражувањето сметаат дека растот на инфлацијата во клучните светски економии треба да биде минлив.
Фото: Pixabay











