Економистите тврдат дека ЕЦБ ќе ги зголеми каматните стапки – три пати годинава

84

Европската централна банка (ЕЦБ) оваа година трипати ќе ги зголеми каматните стапки со цел да ја задуши инфлацијата, тврдат економистите во анкетата на Блумберг.

Управниот совет на ЕЦБ постепено ќе ги зголемува каматните стапки на банкарските депозити во јули, септември и декември, така што до крајот на годината ќе достигнат 0,25 отсто, покажуваат резултатите од истражувањето на Блумберг.

Според економистите, каматата за главните операции за рефинансирање ќе биде зголемена во септември и декември од сегашните нула проценти на 0,5 проценти.

Во исто време, учесниците во истражувањето проценуваат дека економијата на еврозоната ќе продолжи да се шири оваа година и покрај растечките предизвици поради војната во Украина, предвидувајќи дека бруто домашниот производ на монетарниот блок од 19 земји ќе порасне за 2,8 проценти во 2022 година и 2,3 проценти во следната година, што е за 0,1 процентен поен пониско за двете години од претходно предвиденото.

Од друга страна, економистите ја зголемија очекуваната стапка на инфлација на 6,7 отсто оваа година, додека во 2023 година предвидуваа забавување на растот на потрошувачките цени на 2,6 отсто, или 1,9 отсто во 2024 година, што е под целта на ЕЦБ – агенцијата Њу Јорк.